недела, ноември 29, 2026
Дома СВЕТ Шпанија денес гласа на предвремени парламентарни избори: Можност за доаѓање на крајната...

Шпанија денес гласа на предвремени парламентарни избори: Можност за доаѓање на крајната десница на власт

0
EPA/Chema Moya

Шпанците денес излегуваат на гласање на предвремени парламентарни избори, кои би можеле да ја доведат крајната десница на власт за првпат по враќањето на земјата кон демократијата, по смртта на генералот Франсиско Франко во 1975 година.

Иако редовните избори беа предвидени дури за летото следната година, шпанскиот премиер социјалист Педро Санчез ги распиша овие избори откако конзервативната Народна партија (PP), крајно десничарската партија „Вокс“ (Vox) и десничарската каталонска сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ (Junts) ги отфрлија итните законски мерки, предложени од неговата влада за справување со станбената криза во земјата.

Премиерот, познат по тоа што често презема ризици, проценил дека одлуката на неговите противници да ги блокираат реформите во станбениот сектор би можела да му оди во прилог на изборите, пренесува „Гардијан“ (The Guardian).

ИЗДВОЕНИ