недела, ноември 29, 2026
Дома БАЛКАН Невреме во Грција: „Аргос“ влегува во најопасната фаза, црвен аларм за Атина...

Невреме во Грција: „Аргос“ влегува во најопасната фаза, црвен аларм за Атина и истокот

0

Силна бура, наречена „Аргос“, денеска влегува во својата најопасна фаза, поради што е издаден црвен метеоролошки аларм за неколку региони во Грција, вклучително и за пошироката област на Атина.

Бурата веќе предизвика поплави, одрони и материјална штета на десетици домови и деловни објекти во западниот дел на земјата, додека најинтензивните врнежи сега се преместуваат кон источните и јужните региони на Грција, пренесува информативниот портал „Прототема“.

Црвен метеоролошки аларм е прогласен за регионите Атика, Тесалија, источниот дел на Централна Грција, Евија и делови од Пелопонез, при што се очекува ветровите во Егејското Море да достигнат брзина до 10 степени според Бофортовата скала, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ