Денеска, претставници на Асоцијацијата „Макам-транс“ одржаа онлајн состанок со сите превозници на кој се дискутирало за проблемите предизвикани од броењето денови (90 во 180 дена) со новиот систем за влез – излез (ЕЕС) и најавата за протест на 31 август пред седиштето на Делегација на Европската Унија во Скопје со минимум 20 возила (од Скопје) и присуство на голем број физички лица од сите делови на државата (сопственици, возачи и други вработени).

По состанокот, Билјана Муратовска од „Макам-транс“ информира дека превозниците биле информирани за предлозите за надминување на проблемот и тие треба да ги известат своите членки во регионите. Паднал предлог блокада да има во сите четири држави во исто време (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија)

Состанокот се одржува пред планираниот состанок во Брисел на Работната група, кој треба да се одржи на 01.09.2026 година.

Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во Шенген-зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно, почнувајќи на 14.09.2026 година.

(С. Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ