Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпиша одлука на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (СНБО), со која им се забранува на медиумите да објавуваат информации за оштетувања на објекти од критичната инфраструктура, како и за временските рамки за нивна поправка.
Одлуката се однесува и на објектите што обезбедуваат клучни јавни услуги, вклучително и на проекти опфатени со сеопфатните планови за отпорност на регионите и поединечните градови за грејната сезона 2026/2027 година, пренесува „Украинска правда“.












