Инцидентот кој се случи на 4 март годинава за време на сослушување на Американскиот одбор на Сенатот за вооружени сили, ќе остане запаметен по физичката пресметка на младиот сенатор од Монтана Тим Шихи и ветеранот, пожарникар и кандидат на Зелената партија за Сенатот на САД во Северна Каролина Брајан Мекгинис, кој служеше во американските маринци од 2000 фо 2004 година.
Според снимките и исказите на очевидци, сенаторот Шихи реагирал бурно на протестот на Мекгинис, кој накратко го прекинал сослушувањето во својата униформа на морнаричкиот корпус извикувајќи слогани како „Израел е причината за оваа војна во Иран!“ и „Америка не сака да ги испрќа своите синови и ќерки во војна за Израел!“, а потоа скокнал од своето место и се придружил на полицијата на Капитолот во обид насилно да го отстрани Мекгинис од просторијата. Иако тројца офицери веќе реагирале и употребиле сила, Шихи одлучил дека тој, како четврти, ќе биде оној што ќе ги процени последиците.
За време на пресметката, раката на Мекгинис се заглавила меѓу вратите додека Шихи продолжил да го турка и влече неговото тело. Сведоците и објавите на социјалните мрежи укажуваат дека раката му била скршена или згмечена. Полицијата во Капитол потврди дека Мекгинис е однесен во болница на лекување поради повредите здобиени за време на апсењето. Иако не е објавен официјален медицински извештај, сведоштвата и снимките од очевидци сугерираат дека тој претрпел сериозна повреда на раката, а на снимката може да се слушне звук на пукање на коска.
Сенаторот изјави на социјалните мрежи дека сакал само да ја „деескалира ситуацијата“ и да ѝ помогне на полицијата со „груб демонстрант“ кој барал конфронтација. Инцидентот предизвика остра осуда од демократските сенатори, додека републиканците во голема мера го бранеа Шихи, велејќи дека дејствувал во интерес на безбедноста. Тројца полицајци, исто така, наводно биле лесно повредени во тепачката.
Помладиот американски сенатор и републикански политичар од Монтана ја презеде функцијата во јануари 2025 година откако го победи демократот Џон Тестер, долгогодишен демократски сенатор, на изборите во ноември 2024 година, значително менувајќи го мнозинството во Сенатот.
Дипломирал на Американската поморска академија во 2008 година, Шихи предводел стотици мисии низ целиот свет, вклучително и во Ирак, Авганистан, Јужна Америка и Пацификот. Тој бил пилот и навигатор на мини-подморници за чувствителни подводни операции. За својата служба бил награден со Бронзена ѕвезда за храброст и Пурпурно срце, а се пензионирал од активна должност во 2014 година по повредите здобиени при вршење на должноста, додека останал во резерва до 2019 година, пишува Н1.
Senator Sheehy joined Capitol Police in lifting up and ejecting anti war protestor Brian McGinnis from a SASC subcommittee hearing. McGinnis is a Green Party candidate running for Senate in N.C. An antiwar activist filmed the video below: pic.twitter.com/0dVA0ORWXQ
— Alan He (@alanhe) March 4, 2026












