Трагедија се случи вчера во Књажевац, Србија, кога петнаесетгодишно момче го загуби животот по физичка пресметка со врсник. Според првичните информации, инцидентот се случил околу 18 часот. Најпрво избила вербална расправија меѓу двете момчиња, која брзо прераснала во физичка пресметка.
Според неофицијални сознанија, за време на судирот, другото момче го удрило жртвата со нога во грбот. Поради силината на ударот, петнаесетгодишното момче ја изгубило рамнотежата, паднало и се здобило со тешка отворена рана на слепоочницата.
Момчето починало на самото место како последица на оваа тешка повреда, а медицинските екипи по пристигнувањето можеле само да констатираат смрт.
Полицијата и надлежното обвинителство извршија увид на местото на трагедијата. Неофицијално, ќе биде покрената постапка против малолетникот Љ.П. под сомнение за сторено кривично дело убиство од небрежност. Со понатамошната истрага ќе се утврдат точните околности и мотивите поврзани со овој трагичен настан.












