петок, септември 25, 2026
Дома СВЕТ Израелскиот амбасадор му пријде на еден ирански дипломат и го провоцираше со...

Израелскиот амбасадор му пријде на еден ирански дипломат и го провоцираше со уред „Старлинк“/ВИДЕО

65

Израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дани Данон, му пријде на еден ирански дипломат за време на седница на Генералното собрание на ОН и се обиде да го испровоцира со уред „Старлинк“ (Starlink).

Данон се упати кон масата каде што седеше иранскиот дипломат и му го покажа уредот за сателитска комуникација.

„Сметав дека е соодветно да ви дадам ’Старлинк‘. Тој би можел да биде корисен за да му овозможи на иранскиот народ да дојде до слобода, по она што вие му го направивте. Па, дали сакате да го земете и однесете ова назад во Техеран? Може да ви биде многу корисен во Иран. Ние го сакаме иранскиот народ и се молиме за промена на режимот таму. Тој ден ќе дојде“, рече Данон.

Иранскиот дипломат не реагираше на провокацијата, тој едноставно ја сврте главата настрана и го игнорираше израелскиот амбасадор.

Потегот на Данон следуваше по говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој исто така покажа пејџери и уред „Старлинк“ за време на своето обраќање пред Генералното собрание.

„Иранскиот режим најмногу се плаши од сопствениот народ кога тој поседува комуникациски уред ’Старлинк‘. Ќе го оставам овој уред овде за иранската делегација. Моќта на народот ќе ги собори оние што се на власт во Иран. Иранскиот народ ќе биде слободен, злиот режим ќе падне и сите ние ќе го славиме тој ден“, рече Нетанјаху.

ИЗДВОЕНИ