вторник, септември 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полски државјани влегле во воени магацини на Еребино, четворица приведени, по тројца...

Полски државјани влегле во воени магацини на Еребино, четворица приведени, по тројца се трага

7

Четворица државјани на Полска се лишени од слобода откако со четирицикли влегле во кругот на воени магацини во местото Еребино во Тетово, соопшти МВР, а по уште три лица се трага.

Случајот бил пријавен на 28 септември во 18:24 часот од страна на Воената полиција на АРМ. Според пријавеното, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата на објектот каде што се наоѓаат воените магацини.

Војниците што биле на стража на местото задржале четири лица, сите полски државјани – Х. М. А. (55), Д. К. В. (55), К. В. (41) и К. Ј. Р. (36). Други три лица што, исто така, биле со четирицикли, успеале да се оддалечат од местото и полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.

Четворицата полски државјани се лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено влегување во воени објекти, предвидено во член 350 од Кривичниот законик. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

ИЗДВОЕНИ