вторник, септември 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пукна топловодна цевка во „Нова Македонија“: Поплавени државни институции, исклучена струјата

Пукна топловодна цевка во „Нова Македонија“: Поплавени државни институции, исклучена струјата

15

Дел од зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“, во која се сместени повеќе државни институции, е поплавена поради пукната топловодна цевка. Хаваријата се случила околу полноќ, по што веднаш реагирало обезбедувањето од МВР.

Од безбедносни причини исклучена е струјата во објектот, поради што не работат лифтовите, компјутерските системи и серверите. Засега нема прецизни информации што сè е поплавено и колкава е материјалната штета, а ангажирани се технички екипи кои работат на отстранување на последиците, испумпување на водата и санација на дефектот.

Според првичните процени, постои можност објектот да остане без електрична енергија и во наредните денови, во зависност од степенот на оштетувањата и времето потребно за безбедно повторно активирање на мрежата. Во овој објект се сместени Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Државната изборна комисија, делови од Министерството за економија и труд, како и други агенции и управи.

ИЗДВОЕНИ