Српскиот тенисер Хамад Меџедовиќ приреди вистинска драма во третото коло на мастерсот во Рим, откако по голем пресврт го совлада Маријано Навоне и обезбеди пласман во осминафиналето. Српскиот тенисер го загуби првиот сет, но потоа успеа да ги добие следните два и по повеќе од три часа исцрпувачка борба,  стигна до голема победа.

Сепак, најдраматичниот момент се случи во самиот финиш на мечот. Откако стигна до меч-топка, Меџедовиќ повраќаше на теренот поради огромниот напор и исцрпеноста. И покрај тоа, тој брзо се созеде, зеде крпа и вода, а потоа се врати на теренот и успеа да го заврши мечот во своја корист.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tennis TV (@tennistv)

Сцената предизвика реакции и кај коментаторот на „Скај спортс“, кој им се извини на гледачите поради кадрите од преносот.

  • Оооу! Се бореше три сета и, можеби, го достигна својот лимит. Жал ми е што го прикажуваме ова во преносот – изјави коментаторот.

ИЗДВОЕНИ