понеделник, октомври 5, 2026
Дома СКОПСКА Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”

Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”

1

Од Град Скопје  информираат дека е во тек темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“.

Во рамките на овие активности се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно да го добијат својот уреден и достоинствен изглед.

Скопскиот  градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и стакна дека Камениот мост и плоштадот „Македонија“ се лицето на нашиот град.

-Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот.  Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички  – изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека дополнително, привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која како што вели со години беше оставена да пропаѓа.

– Светлината и водата повторно ќе внесат живот и убавина во срцето на градот – заклучи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ