вторник, септември 8, 2026
Дома СВЕТ Телефгонски разговор Москва- Вашингтон: Путин го уверил на Трамп дека Русија нема...

Телефгонски разговор Москва- Вашингтон: Путин го уверил на Трамп дека Русија нема агресивни тенденции кон Европа

0

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот го увери американскиот претседател Доналд Трамп дека Москва нема агресивни намери кон Европа, соопшти Кремљ.

Советникот на Путин за надворешни работи, Јуриј Ушаков, им рече на новинарите дека Путин му потврдил на Трамп по телефон дека „со оглед на шпекулациите за наводните непријателски намери на Русија кон европските земји, нагласивме дека немаме агресивни планови во врска со Европа“.

Ушаков, исто така, рече дека Путин го информирал Трамп за ситуацијата во Украина и плановите на Русија да постигне напредок на бојното поле и да ги исполни своите воени цели.

Путин, според Ушаков, му рекол на Трамп дека Русија нема агресивни планови против Европа.

„Земајќи ги предвид шпекулациите за наводните непријателски намери на Русија против европската државност, беше нагласено дека немаме намера да имаме какви било агресивни планови против Европа“, рече тој.

Според Ушаков, за време на телефонскиот разговор било нагласено и дека „митовите што се шират за руската закана служат само како покритие за Европејците да ја зголемат својата поддршка за Украина и сопствените воени трошоци“.

Американскиот лидер изјави дека завршувањето на украинскиот конфликт веднаш ќе отвори перспектива за целосно обновување на односите меѓу Русија и САД, истакна Ушаков.

Според него, Трамп му рекол и на Путин дека обновувањето на трговските врски меѓу Русија и САД ветува колосални придобивки за двете земји.

Путин и Трамп се согласија да останат во контакт и „веднаш да се јават“ еден со друг доколку е потребно, нагласи Ушаков.

Лидерите, исто така, се согласија да продолжат да работат на хуманитарни прашања, вклучително и размена на притвореници и осуденици, додаде тој.

Путин ги забележа напорите на Меланија Трамп да ги врати децата од Русија и Украина во нивните семејства.

Разговорот следеше по средбата на директорот на ЦИА, претставниците на Трамп Џаред Кушнер и Стив Виткоф, како и секретарот на Ватикан Пол Ричард Галагер, кои беа во Москва во последните десет дена – веројатно, сите со предлози за прекин на огнот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин изјави дека се залага за ран прекин на конфликтот во Украина, објави ТАСС.

„Доналд Трамп јасно го изрази својот став за пожелноста за што поскоро завршување на конфликтот, што веднаш би отворило импресивни и широки перспективи за целосно обновување на односите меѓу САД и Русија“, рече Ушаков.

Телефонскиот разговор беше конструктивен и отворен, оцени Ушаков, и траеше точно еден час.

„Беше презентирана објективна и детална анализа на она што се случува во моментов за време на Специјалната воена операција и, генерално, како ги гледаме перспективите за напредок на бојното поле и постигнување на целите и задачите поставени за Специјалната воена операција“, рече Ушаков.

Тој додаде: „Патем, беше презентирано што реално би можеле да направат Американците за брзо завршување на воените дејствија“, рече Ушаков.

 

ИЗДВОЕНИ