Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи денеска ги демантираше извештаите на Си-Ен-Ен (CNN) дека Техеран планира да активира „валкана“ бомба во Вашингтон. Во објава на платформата „Икс“ (X), портпаролот наведе дека овие тврдења се „неосновани“.
Претходно, повикувајќи се на добро упатени извори, Си-Ен-Ен објави дека, според американските разузнавачки служби, Техеран подготвува планови за евентуално активирање на таканаречена „валкана“ бомба во Вашингтон.
Доналд Трамп денеска им изјави на новинарите во Манила дека, доколку Иран изврши таков напад, ќе плати цена каква што досега нема платено ниту една друга земја.












