вторник, ноември 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Младите брачни парови до 35 години се ослободуваат од плаќање комуналии за...

Младите брачни парови до 35 години се ослободуваат од плаќање комуналии за изградба на куќа

1

На предлог на Oпштина Пробиштип, Советот на Oпштина Пробиштип донесе одлука за ослободување од плаќање на комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 35 годишна возраст – соопшти градоначалникот, Тони Тоневски.

Тој најави дека мерката ќе започне со реализација од 1 јануари 2027 година.

– Овозможуваме конкретна поддршка за младите семејства, со цел полесно да го решат станбеното прашање, да создадат сопствен дом и да ја градат својата иднина тука, во Пробиштип. Нашата цел е да создадеме услови младите да останат тука, да формираат семејства и да ја гледаат својата иднина во нашиот град – вели Тоневски.

Посочи дека верува оти вложувањето во младите семејства е вложување во развојот, животот и иднината на општина Пробиштип.

 

ИЗДВОЕНИ