Најмалку 46 лица се повредени денеска во судир меѓу два патнички воза во близина на главната железничка станица во Прага, четворица од нив се хоспитализирани во тешка состојба. Според „Радио Прага“, 12 лица се здобиле со тешки повреди, додека околу 30 други се здобиле со полесни повреди.
Два локални воза се судрија челно околу 7 часот наутро на железнички надвозник над прометна улица во центарот на Прага во близина на Главната железничка станица.
Поради фактот што возовите таму возат многу бавно, оштетен е само предниот дел од двете локомотиви.
Министерот за транспорт Иван Беднарик објави дека сите патници се евакуирани од двата воза и дека истрагата за околностите и начинот на несреќата ја спроведува Железничкиот инспекторат.
Во меѓувреме, сите патници од двата воза се евакуирани.
Чешкиот министер за транспорт, Иван Беднарик, го опиша судирот како многу сериозен инцидент, нагласувајќи дека згрижувањето на повредените е итен приоритет.
Všechny složky IZS zasahují u srážky dvou vlaků u Hlavního nádraží na přemostění se Seifertovou ulicí v Praze 3. Na místě je několik zraněných osob. pic.twitter.com/33NUSn7zjI
— Policie ČR (@PolicieCZ) November 17, 2026
Железничкиот сообраќај на таа линија е прекинат, додека возовите за долги релации се пренасочуваат кон други железнички станици во Прага, соопшти Управата на чешките железници. Се очекува прекинот да трае неколку часа и да влијае врз десетици поаѓања.












