вторник, ноември 17, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА ММФ и Украина блиску до договор за помош од 1,6 милијарди долари

ММФ и Украина блиску до договор за помош од 1,6 милијарди долари

0

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) постигнал значителен напредок во разговорите со украинските власти за склучување нов договор за финансиска помош во вредност од 1,6 милијарди долари за Киев.

Разговорите меѓу двете страни продолжуваат онлајн, а постигнувањето конечен договор зависи од обезбедувањето на потребните финансиски гаранции од меѓународните партнери, објавија американските медиуми.

Од ММФ соопштија дека работат заедно со украинските власти и со меѓународните партнери за обезбедување на потребните средства, имајќи ги предвид процените дека би можело да трае војната подолго од првично очекуваното.

Според процените на експертите на Фондот, Украина во 2027 година би можела да се соочи со финансиски дефицит од 32 до 34 милијарди долари. За 2028 година, пак, проектираниот дефицит изнесува околу 17 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ