петок, јуни 12, 2026
Дома СВЕТ Тајната служба опасно затаи! И најсеопфатниот систем за лична безбедност е ранлив

Тајната служба опасно затаи! И најсеопфатниот систем за лична безбедност е ранлив

512
EPA/Yuri Gripas / POOL

Пукањето во саботата навечер, во кое агент на Тајната служба беше ранет на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, покрена прашања за нивото на заштита што им се обезбедува на американските политички лидери во време на зголемено политичко насилство.

Стотици агенти од повеќе безбедносни агенции беа задолжени да го обезбедат годишниот настан, на кој оваа година претседателот Доналд Трамп беше главен гостин.

Сепак, осомничениот, вооружен со пушка и друго оружје, успеа да се приближи дури еден кат над балската сала во Вашингтон, каде што беа собрани невообичаено голем број членови на кабинетот, високи пратеници и јавни личности.

Покрај Трамп, присутни беа и потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет, државниот обвинител Тод Бланч, министерот за финансии Скот Бесант, министерот за внатрешни работи Даг Бергам и бројни други владини претставници, од кои многумина имаа свое обезбедување.

Ројтерс наведува дека е прерано да се каже дефинитивно дали имало безбедносни пропусти или недоразбирање во комуникацијата.

Но, инцидентот од саботата, кој се случи помалку од две години по двата обиди за атентат врз Трамп за време на претседателската кампања во 2024 година, сугерира дека дури и најсеопфатниот безбедносен систем во земјата има ранливости, оценува агенцијата.

Шефот на полицијата во Вашингтон рече дека наводниот напаѓач, кој бил вооружен со пушка, пиштол и ножеви, престојувал во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржала вечерата.

За време на импровизирана прес-конференција во Белата куќа по инцидентот, Трамп ги пофали и службите за итни случаи и обезбедувањето, вклучително и Тајната служба.

Тој, исто така, зборуваше за опасностите од претседателствувањето, потсетувајќи дека некои од неговите претходници биле убиени во обиди за атентат, но додаде дека осомничениот не бил ниту блиску да ја „пробие“ вратата од салата.

„Тоа не е особено безбедна зграда“, рече Трамп за хотелот, кој е на околу десет минути возење од Белата куќа. Хотелот беше и местото на атентатот врз тогашниот претседател Роналд Реган во 1981 година.

Иако околу 2.600 гости мораа да поминат низ детектори за метал за да влезат во балската сала во подрумот, самиот хотел беше отворен за вле со едноставно покажување билет. Хотелот беше отворен и за гости. Бидејќи влезот во зградата беше опкружен со демонстранти, од кои многумина протестираа против војната на администрацијата на Трамп против Иран, гостите брзо беа пуштени внатре, објави Ројтерс.

Видео снимките го покажуваат вооружениот човек како трча по ходник покрај безбедносен контролен пункт. Потоа застрелал агент пред да биде совладан, соопштија властите.

Во балската сала, гостите сè уште јаделе кога гостите во задниот дел од собата пријавиле дека слушнале повеќе истрели.

Агентите на Тајната служба брзо ги оддалечија Трамп и Венс од главната маса, додека обезбедувањето на бројни членови на кабинетот и пратеници – кои седеа во собата со новинарите и нивните гости – реагираше на различни начини. Некои агенти се пробиваа низ преполната соба, качувајќи се на столови и превртувајќи ги масите за да стигнат до лицата кои ги штитат, додека збунетите гости се обидуваа да се скријат под масите.

Обезбедувањето на кабинетот, вклучувајќи ги Рубио, Бесант и Бергамо, ги фрлија своите штитеници на подот и формираа човечки штитови. Повеќето од штитениците на крајот беа отстранети од просторијата, но времето на нивната евакуација варираше многу – некои беа извлечени речиси веднаш, додека други останаа на место уште неколку минути.

Трамп, кој во 2024 година беше погоден од куршум од атентатор кој му го изгреба увото за време на предизборен митинг, беше подготвен за продолжување на церемонијата, соопштија претставници на Белата куќа.

Подоцна им кажа на новинарите дека Тајната служба проценила дека продолжувањето на настанот не е можно.

ИЗДВОЕНИ