Познатиот голфер Тајгер Вудс беше уапсен откако беше вмешан во сообраќајна несреќа во Флорида, но беше ослободен со кауција неколку часа подоцна. Вудс беше уапсен откако беше вмешан во сообраќајна несреќа во која неговиот Ленд Ровер се преврте, пишува „Си-Ен-Ен“.

Вудс, иако не е сериозно повреден, беше приведен под сомнение дека возел под дејство на алкохол и одбил да се подложи на законски пропишаните тестови. Тој одбил тест за урина, но се согласил на алкотест, кој не покажал алкохол.

Вудс е уапсен еднаш претходно за возење под дејство на дрога. Тоа беше во 2017 година, кога беше фатен како спие зад воланот на автомобил, кога призна дека земал комбинација од лекови против болки.

ИЗДВОЕНИ