Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека руската државна здравствена служба ја потврдила смртта на лабораториска работничка во истражувачки центар за чума во Сибир и ја известила СЗО дека не се регистрирани случаи на зараза со чума, пренесе „Ројтерс“.
Лабораториска работничка во институт за истражување на чума во Сибир се разболела и починала на 2 октомври од пневмонија со непознато потекло.
Нејзината смрт ги натера руските власти да стават во карантин околу 200 луѓе и предизвика загриженост во светот.
Жената работела во Институтот за истражување и контрола на чума во Иркутск (за Сибир и Далечниот Исток), лоциран во градот Иркутск во југоисточен Сибир, пренесе „Танјуг“.











