четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ СЗО предупредува: Бројот на инфекции со хантавирус се зголемува по новиот случај...

СЗО предупредува: Бројот на инфекции со хантавирус се зголемува по новиот случај во Шпанија

54
EPA/Miguel Barreo

Бројот на потврдени случаи на инфекција со хантавирус, поврзани со првичната епидемија на крузерот „MV Hondius Luxury“, се зголеми на 13, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „X“ објави дека Шпанија пријавила нов случај кај патник кој се наоѓа во изолација, со што вкупниот број на заразени достигнал 13.

Тој додаде дека досега се регистрирани три смртни случаи, но од 2 мај наваму не се забележани нови фатални исходи, нагласувајќи дека ситуацијата останува стабилна и дека заразените добиваат соодветна медицинска нега.

Сите патници од крузерот „MV Hondius Luxury“ биле евакуирани во текот на последните две недели.

ИЗДВОЕНИ