Во организација на Владата денеска се одржува свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. Делегации од институции, политички партии, амбасади, …. положуваат цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата.
На свеченоста свое обраќање ќе има и премиерот Кристијан Мицкоски, посветено на значењето на победата над фашизмот, европските вредности и историското значење на 9 Мај.
Денот на Европа се одбележува во чест на Шумановата декларација од 1950 година, која се смета за темел на современата Европска Унија, додека Денот на победата над фашизмот ја симболизира победата над нацизмот во Втората светска војна.
Фото:П.Стојановски



















