Жена од Босна преживеала вистински хорор од насилство од нејзиниот партнер со кој живеела во вонбрачна заедница во кратовско. Ја тепал и принудувал на сексуални односи, а при прегледот по полициската интервенција откриено е дека таа била бремена и со модринки по телото. Жената е однесена во прифатниот центар за странци во Скопје, каде неодамна имаше пријава против вработен за полово вознемирување на жена сместена таму.
– На 10.11.2026 во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото, информираат од МВР
Како што се наведува во полицискиот билтен, со неа и нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што изјавила дека го слушнала како разговара со други жени, му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила. Мажот бил предупреден, а таа била спроведена во прифатниот центар за странци, стои во Билтенот.












