петок, октомври 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стружанка нападнала 81-годишен старец во неговиот дом и му ги одзела парите

Стружанка нападнала 81-годишен старец во неговиот дом и му ги одзела парите

1

Полициските службеници од ОВР Струга поднесоа кривична пријава против 40-годишната Л.О. од струшкото село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Разбојничка кражба“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 28 август 2026 година. Пријавената насилно влегла во домот на 81-годишен сограѓанин, каде што физички го нападнала и од него со сила одзела парична сума.

По преземените оперативни мерки и активности, полицијата ја лоцирала Л.О., по што таа била лишена од слобода. Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

ИЗДВОЕНИ