По елиминацијата во НБА-плејофот, се појави информација дека Стив Кер решил да го напушти Голден стејт. Многу новинари ја објавија оваа информација и се чинеше дека дојде време за крај. Сепак, следуваше пресврт. Тој се премисли и потпиша нов, двегодишен договор со клубот.

  • Новиот договор ќе го задржи Кер како најплатен тренер во НБА. Минатата сезона заработи 17,5 милиони долари – се наведува во статијата на ЕСПН.

Во статијата се цитира и изјавата од еден од лидерите на клубот, кој сакаше да остане анонимен и кој рече дека „не стануваше збор за пари, туку за кошаркарска одлука“. Кер беше елиминиран на плејин-турнирот од Феникс и во тоа време зборуваше за потенцијално заминување. Проблемот на тимот Голден стејт е возраста и фактот дека е премногу стар и реално премногу далеку од каква било борба за титулата во моментов. Стеф Кари наполни 38 години во март и сè повеќе се бори со повреди. На тимот е да донесе конечна одлука за тоа што сака од следната сезона.

ИЗДВОЕНИ