вторник, јуни 30, 2026
Дома БАЛКАН „Старлинк Монтенегро“ се подготвува да излезе на пазарот: Илон Маск регистрираше компанија...

„Старлинк Монтенегро“ се подготвува да излезе на пазарот: Илон Маск регистрираше компанија во Црна Гора со основачки влог од две евра

1

Глобалниот оператор за сателитски интернет, „Старлинк“, според податоците на Даночната управа на Црна Гора, на 29 април, со основачки влог од две евра, ја регистрирал компанијата „Старлинк Монтенегро“, за чиј извршен директор е назначен Здравко Гардовиќ.

„Старлинк Монтенегро“ е друштво со ограничена одговорност, со седиште во Подгорица. Како дејности на компанијата се наведени кабелските, безжичните и сателитските телекомуникациски активности, што е во согласност со деловниот модел на „Старлинк“, кој обезбедува интернет-услуги преку мрежа од сателити во ниската Земјина орбита. „Старлинк Монтенегро“ е 100 % во сопственост на „Старлинк холдингс Недерландс Б.В.“, европска холдинг компанија во рамките на корпоративната структура на „Спејс икс“, чиј основач и сопственик е Илон Маск.

Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги претходно објави дека „Старлинк“ би можел да почне со работа во Црна Гора до крајот на вториот квартал од оваа година.

ИЗДВОЕНИ