Од 19 до 20 јуни, Старата скопска чаршија ќе заживее во ритамот на музиката. Оваа година, под трет пат ќе се одржи манифестацијата „Ритамот на чаршијата“, во рамките на која ќе се одржат концерти од различни жанрови.
Оваа година преку ритамот на музиката ќе се популаризираат плоштадот „Филип втори“ – Карпошово востание и Музеј на македонската борба. Публиката на 19.06 од 19.00 часот на плоштадот „Филип втори“ – Карпошово востание ќе може да го проследи концертот на македонска изворна музика со ансамблот на Стефче Стојковски, а на 20.06 од 19:00 часот концерт ќе одржи Коста Давчевски, млад талентиран класичен гитарист од Србија.
Од Детскиот културен центар „Карпош“, кој е организатор на манифестацијата, велат дека целта на настанот е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот.
Старата скопска чаршија плени со мали дуќани, занаетчиски објекти, верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами кои се само дел од обликуваноста на просторот и времето и затоа таа е меѓу најпосетуваните локации од страна на туристите и локалните жители.
Старата скопска чаршија е најголемата чаршија на Балканот која претставува заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје.












