По недели уривање, денеска механизацијата ги отстрани и последните остатоци од познатата зграда на „Вјесник“, која беше еден од симболите на Загреб.
Од облакодреот висок 67 метри, уништен во пожар на 17 ноември минатата година, сега остана само куп шут, кој треба да се собере во наредните десетина дена.
Оваа зграда која беше седиште на поранешната новинска и издавачка куќа „Вјесник“ беше изграден во почетокот на 1970-тите години според проектот на архитектот Антун Улрих помладиот.












