четврток, ноември 12, 2026
Дома СВЕТ Четиринаесет лица загинаа, а десетици се повредени во верижен судир во ОАЕ

Четиринаесет лица загинаа, а десетици се повредени во верижен судир во ОАЕ

12

Четиринаесет лица загинаа, а десетици други се повредени откако возач на камион изгубил контрола над своето возило и удрил во неколку други автомобили во Фуџаира, во Обединетите Арапски Емирати, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, која се случила на влезот во емиратот непосредно пред полноќ, учествувале 23 возила, меѓу кои и пет камиони, се наведува во соопштението на Министерството, што го пренесува „Би-би-си“ (BBC).

Од ударот камионот се запалил, а пламените јазици се прошириле и на неколку други возила, што резултирало со голем број жртви, се додава во соопштението.

Локалната полиција соопшти дека 30 лица биле пренесени во болници, а за идентификација на телата на жртвите се користи ДНК-анализа.

Половина од повредените се пуштени од болница откако им била укажана лекарска помош, додека останатите сè уште се под медицински надзор.

Според надлежните, меѓу повредените има државјани на Обединетите Арапски Емирати, Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет.

ИЗДВОЕНИ