Српската ракометна репрезентација предводена од новиот селектор Раул Гонзалес, поранешна легенда на Вардар и на Македонија, приреди големо изненадување и се квалификуваше за Светското првенство, по драматичен плејоф против Унгарија.

По победата во Ниш со 31:29, „орлите“ беа поразени со 31:30 во реваншот во Веспрем, но вкупниот резултат им беше доволен за пласман на Светското првенство.

Србија успеа да ја одржи разликата во текот на целиот натпревар и не му дозволи на домаќинот да направи разлика поголема од три гола. Завршницата беше исполнето со вистинска драма, а на крајот Унгарците успеаја да постигнат само минимална победа, што не им беше доволно за пласман на СП.

Инаку, сензација приреди нашиот јужен сосед, селекцијата на Грција, која славеше и на гостувањето кај Холандија, овој пат со 38:33. Грците го добија првиот бараж-двомеч со 29:27 и кога сите помислија дека ќе добијат жешка „шлаканица“ на гости, Холанѓаните потклекнаа.

Инаку, очекуван пласман на СП обезбедија: Полска, Франција, Словенија, Италија, Норвешка, Фарските Острови и Шпанија, кога се европските селекции во прашање.

 

ИЗДВОЕНИ