недела, ноември 22, 2026
Дома СКОПСКА Реконструкцијата на улицата „Фредерик Шопен“ во напредна фаза

Реконструкцијата на улицата „Фредерик Шопен“ во напредна фаза

1

Реконструкцијата на улицата „Фредерик Шопен“ во населбата Бирарија е во напредна фаза.

Според градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, станува збор за важен инфраструктурен зафат со кој се излегува во пресрет на долгогодишните барања на жителите и директно придонесуваме за поголема сообраќајна сигурност во овој дел од општината.

Од Општината информираат дека со реконструкцијата која е во напредна фаза, се предвидува комплетна обнова на коловозот во должина од околу 350 метри.

Овој зафат се спроведува во непосредна соработка со Министерството за транспорт и врски, а средствата се обезбедени преку капиталните проекти на Владата на Република Македонија, реализирани со унгарскиот кредит.

 

ИЗДВОЕНИ