понеделник, јуни 29, 2026
Дома БАЛКАН Србија го враќа воениот рок

Србија го враќа воениот рок

191

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека „многу кратка“ задолжителна воена служба ќе започне во март 2027 година.
Тој го изјави ова во недела за време на обиколката на вооружувањето и опремата на воениот аеродром „Миленко Павловиќ“ во Батајница во близина на Белград.

„Пред тоа ќе започнат бирократските процедури, а во март ќе започнеме со отслужување на многу кратка воена служба. Ова дополнително ќе ги зајакне нашите одбранбени способности“, рече Вучиќ.

На почетокот на годината, тој објави дека ќе се воведе задолжителна воена служба и дека ќе трае 75 дена за мажи под 30 години.

Српската армија официјално стана професионална на почетокот на 2011 година, кога стапи во сила парламентарна одлука за суспендирање на задолжителната воена служба. Редовната воена служба потоа беше заменета со доброволна служба, а армијата почна да се полни со професионални војници и офицери, објавува Нова.рс.

ИЗДВОЕНИ