понеделник, февруари 16, 2026
Дома LIFE Совршено прво појавување на Џоли по разводот: Ќерката, достоинствена придружба нa „Златните...

Совршено прво појавување на Џоли по разводот: Ќерката, достоинствена придружба нa „Златните глобуси“/видео

2771

Анџелина Џоли се движи на црвениот килим како риба во вода.

Ѕвездата синоќа се појави на црвениот килим на доделувањето на наградите „Златен глобус“ заедно со нејзината 19-годишна ќерка Захара Џоли-Пит.

Тие беа во блескави фустани од „Александар Меквин“.

Четириесет и деветгодишната актерка изгледаше спектакуларно, како и секогаш.

Ништо помалку спектакуларна беше и наследничката.

 

Ова не е прв пат Захара да ѝ се придружи на нејзината мајка на црвениот килим оваа сезона, бидејќи присуствуваше на наградите на Филмскиот фестивал во Палм Спрингс.

Џоли, пак, синоќа не успеа да ја добие наградата.

Беше номинирана во категоријата – најдобра актерка во филмска драма (Марија). Победник е Бразилката Фернанда Торес.

Ова беше нејзино прво појавување во јавноста по официјализирањето на разводот со Бред Пит.

ИЗДВОЕНИ