сабота, септември 19, 2026
Дома БАЛКАН „Ми откина парче кожа“: Турист со лошо искуство во Грција предупреди што...

„Ми откина парче кожа“: Турист со лошо искуство во Грција предупреди што може да ви се случи во плитка вода со шарените риби

0

Касиопи, Батарија и Авлаки се меѓу најубавите плажи во северниот дел на Крф, каде што посетителите уживаат во бистрата вода и богатиот подводен свет. Сепак, престојот во плитката вода, опкружени со јата шарени риби, може да доведе до проблеми доколку имате каква било повреда на телото.

Искуството на еден турист од Србија открива на што треба да се внимава за една мала рана да не ви го расипе летувањето.

Туристот сподели корисно предупредување во Фејсбук-групата „Grčka Info“ наменето за сите што планираат посета на северниот дел на Крф, истакнувајќи еден детал што многумина го занемаруваат при влегувањето во водата.

„Плажите Касиопи, Батарија и Авлаки (Крф). Еве еден мал совет што не го знаев: поголемите риби во плитката вода можат да предизвикаат сериозни повреди, и тоа повеќепати. На почетокот имав само мал убод од комарец, но потоа ме касна поголема риба која ми откина парче кожа. Ако имате каква било рана на нозете или на телото, не задржувајте се во плитката вода опкружени со поголеми, шарени риби, освен ако не носите водоотпорен завој“, забележа туристот, додавајќи:

„Прекрасно е да сте опкружени со риби на вакви плажи – ова се случи на северот на Крф, поточно во Касиопи – но тоа си има своја цена. Неколку дена подоцна, не ставив завој бидејќи мислев дека раната е речиси зарасната; сепак, за само 30 секунди, повторно бев каснат на истото место – само преминав од подлабока во плитка вода за да излезам, и сè почна одново. Безбедни сте дури откако раната целосно ќе зарасне, а кожата ќе биде потполно мазна“, наведе туристот во објава во Фејсбук групата „Grčka Info“.

ИЗДВОЕНИ