Совршени за време на постот: Домашни тортиљи – вкусни, посни и хранливи

57

Тортилите се вкусни тенки печива кои можат да се полнат на различни начини и се совршен брз оброк во секое време од денот.

И децата ги сакаат, па може да се користат како здрава ужина за училиште, а исто така се одличен избор кога пријателите доаѓаат на држење.

Иако денес можете да ги најдете на речиси секој пазар, во најразлични сорти, лесно можете да направите тортиљи дома. Покрај тоа, ова јадење може да биде одличен избор за деновите на постот, па еве една идеја за брз, хранлив и вкусен оброк во наредниот период.

Подготовката е навистина многу едноставна, а во продолжение можете да најдете рецепт кој тоа ќе ви го докаже, пишува Задовољна.хр.

 

Состојки:

  • 300 гр обично брашно
  • половина лажичка сол
  • половина лажичка шеќер
  • 5 лажици масло (може и маслиново масло)
  • 200 мл врела вода

Подготовка:

Замесете тесто од горенаведените состојки и оставете го да отстои 15 минути.

Поделете го тестото на шест еднакви делови (или повеќе ако сакате помали тортиљи).

Секој дел формирајте го во топка и тенко расукајте ја топката.

Пржете ги во тава без масло на средна топлина.

Готовите тортиљи редете ги една врз друга и завиткајте ги во крпа да омекнат.

Пополнете по желба, послужете и уживајте.

Уживајте!

Плус совет:

Овие тортиљи можат да бидат одличен посен оброк ако ги наполните со зеленчук или риба, како туна.

ИЗДВОЕНИ