Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц, и неговиот заменик Алекс Вонг ќе ги напуштат своите позиции, соопштија денеска извори запознаени со ова прашање, во првата голема промена во внатрешниот круг на Трамп по преземањето на функцијата во јануари.
Волц, 51-годишен поранешен републикански претставник од Флорида, беше мета на критики во Белата куќа откако беше фатен во мартовски скандал со групен разговор на апликацијата Сигнал помеѓу врвни соработници на Трамп за национална безбедност.
Причините за заминувањето на Валц се уште не се познати, но оставката доаѓа нешто повеќе од еден месец откако тој ја презеде одговорноста за скандалот со Сигнал, кој предизвика непријатност во администрацијата.
Трамп веднаш по неговата оставка објави дека Валц ќе преземе нова улога, станувајќи нов американски амбасадор во Обединетите нации.
Државниот секретар Марко Рубио ќе ги преземе должностите на Волц додека не се именува постојан наследник, додаде Трамп.