Доставувач на „Волт“ е повреден во сообраќајна незгода што денеска се случи на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје, во близина на зградата на поранешна „Нова Македонија“.
Според првичните информации, доставувачот се движел со мотор кога дошло до незгодата. Од силината на ударот, моторот речиси целосно е искршен. На местото на настанот интервенираат полициски екипи, а поради сообраќајната незгода, на булеварот се создаде метеж.

Засега нема дополнителни информации за состојбата на повредениот, а околностите под кои се случила незгодата треба да бидат утврдени со увидот.












