петок, септември 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Привршува реконструкцијата на училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев“

Привршува реконструкцијата на училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев“

1

Во завршна фаза е реконструкцијата на училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев“ во Куманово, со што се подобруваат условите за работа и престој на учениците и на наставниот кадар.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информира дека во рамките на реконструкцијата е извршена санација на покривот, а објектот добива и нова енергетско-ефикасна фасада.

Предвидени се замена на прозорците со ПВЦ-прозорци и поставување нова влезна врата. Во внатрешноста на училиштето се врши варосување, а инсталиран е и нов хидрантски систем.

 

ИЗДВОЕНИ