понеделник, јуни 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сообраќајка го затвори главниот приод до скопскиот аеродром, возилата се пренасочуваат по...

Сообраќајка го затвори главниот приод до скопскиот аеродром, возилата се пренасочуваат по алтернативен правец

0

Поради сообраќајна незгода на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународен аеродром Скопје, од правецот Скопје кон аеродромот во моментов е воведен изменет режим на сообраќај.

Од ТАВ Македонија информираат дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен правец, а до патниците и посетителите е упатен апел да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда.

Аеродромскиот оператор ги повикува граѓаните да ги следат упатствата на надлежните служби и да планираат дополнително време за пристигнување на аеродромот, сè до целосно нормализирање на сообраќајот.

ИЗДВОЕНИ