четврток, јули 2, 2026
Дома СВЕТ Сомнежи за прикривање на реалните бројки на жртви во земјотресите во Венецуела!

Сомнежи за прикривање на реалните бројки на жртви во земјотресите во Венецуела!

102
EPA/Ronald Pena R
Бројот на жртви е сигурно трипати поголем. Венецуела објави нов број на жртви од земјотресот, но реалноста е многу полоша – ситуацијата на терен е катастрофална!

Една недела откако серијата катастрофални земјотреси ја погодија Венецуела, сè уште постои сериозно сомневање за официјалниот број на жртви, како на домашно, така и меѓу меѓународните набљудувачи. Владата во среда соопшти дека најмалку 2.295 лица се потврдени како мртви, што е зголемување од околу 300 во однос на претходниот извештај, објави CNN.

Но, форензички научник, кој зборуваше под услов да остане анонимен од безбедносни причини, рече дека бројките се значително потценети и процени дека „дури ни третина од реалниот број“ не е вклучен во официјалната статистика.

Таа за CNN ја опиша ситуацијата во импровизираната мртовечница во пристанишниот град Ла Гваира, една од најтешко погодените области, каде што, како што рече, дневно се обработуваат околу 400 тела. Многумина, додаде таа, се во состојба на сериозно распаѓање или се толку оштетени што идентификацијата е речиси невозможна.

Поради недостатокот на капацитет во камионите-ладилници, телата често се оставаат надвор, во вреќи, изложени на високи температури, што дополнително го забрзува нивното пропаѓање.

Сомнежи за прикривање

Некои опозициски политичари, вклучувајќи ја и Марија Корина Мачадо, која ја обвинува владата дека го намалува обемот на катастрофата, исто така ги споделуваат своите сомнежи за официјалните бројки. Во меѓувреме, Венецуелците во дијаспората отворија неофицијални канали за пријавување на исчезнати лица, бидејќи официјалниот список сè уште не е објавен.

Многумина сè уште се водат како исчезнати под урнатините на високите згради, па се верува дека ќе биде потребно повеќе време за да се добие реална слика за бројот на жртви. CNN побара од венецуелските власти коментар за методологијата за броење на мртвите и проценките за бројот на исчезнати.

– Ситуацијата во Ла Гваира е неопислива. Има толку многу случаи, толку многу семејства. Земјотресите најтешко ги погодија најсиромашните слоеви од населението – тие најмногу страдаа – рече форензичката научничка.

Таа вели дека семејствата честопати ги извлекуваат телата на своите најблиски од урнатините бидејќи спасувачките служби не се во можност да ги отстранат сите жртви.

Според прелиминарните проценки на Американскиот геолошки завод, во двата силни земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, би можеле да се настрадани десетици илјади луѓе. Венецуелската влада, освен дневните информации, сè уште не го објавила својот конечен број на жртви.

ИЗДВОЕНИ