Учесниците, облечени во елегантен и препознатлив стил, кој е заштитен знак на настанот, се собраа на почетната точка во градот, од каде што почна парадата низ скопските улици. Колоната мотори полека, но впечатливо се движеше низ градот, привлекувајќи внимание од минувачите кои со интерес ја следеа манифестацијата и ја поздравуваа симболиката на настанот. „Џентлменско возење“ („Gentlemen’s Ride“) е глобална иницијатива која секоја година се организира во 1.070 градови и 110 држави ширум светот, со цел, како што кажа водачот на оваа манифестација во Скопје, Игор Стефановски, да се подигне свеста кај машката популација за борбата против ракот на простата и машкото ментално здравје, како и да се соберат средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства

Со звукот на моторите и внимателно одбраниот стил, денеска Скопје уште еднаш ја почувствува атмосферата на традиционалната манифестација „ Џентлменско возење 2026“, која и годинава ги обедини моторџиите и моторџиките во хуманитарна мисија што одамна ја надминува само љубовта кон возењето. „Џентлменско возење“ вчера го бележеше своето 11. скопско издание.

Учесниците, облечени во елегантен и препознатлив стил, кој е заштитен знак на настанот, се собраа на почетната точка во градот, од каде што почна парадата низ скопските улици. Колоната мотори полека, но впечатливо се движеше низ градот, привлекувајќи внимание од минувачите, кои со интерес ја следеа манифестацијата и ја поздравуваа симболиката на настанот.

„Џентлменско возење“ е глобална иницијатива, која секоја година се организира во 1.070 градови и 110 држави ширум светот, со цел, како што кажа водачот на оваа манифестација во Скопје, Игор Стефановски, да се подигне свеста кај машката популација за борбата против ракот на простата и машкото ментално здравје, како и да се соберат средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства.

Во Скопје, оваа традиција веќе има воспоставено своја публика и учесници кои редовно се вклучуваат, препознавајќи ја важноста на заедништвото и солидарноста. И годинава, настанот не е само парада на мотори, туку и симболична порака за поддршка и емпатија. Учесниците истакнуваат дека зад секој поминат километар стои идеја за помош и подигање на свеста за хуманите вредности што ги промовира манифестацијата. Парада, стил и заедништво се трите елементи што го одбележуваат „Џентлменско возење“, а Скопје и оваа година се приклучи на светската мотозаедница која вози со цел – не само за уживање туку и за добрина. Настанот, како и во претходните години, завршува со дружење на учесниците, но и со јасна порака дека традицијата продолжува – со уште поголема енергија и хуман дух.

Организатор на овој традиционален настан во Скопје е клубот Џентлменс кру Скопје (Gentleman’s Crew Skopje). Оттаму велат дека да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење е секако чест, но и обврска.

Пред 11 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните вљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести.

Тие наведуваат дека вреди да се спомене достигнувањето на глобално ниво, а тоа е дека во изминативе години за борба против ракот на простата собрале повеќе од 60.5 милиони долари, а на настанот зеле учество преку од 340.000 учесници во повеќе од 121 држави и 1.070 градови во светот. Секако, и Македонија, односно Скопското издание придонесе во овие бројки од 2016 година, со повеќе од 24.000 долари.

(А.П)  Фото: (П. С.)

 

ИЗДВОЕНИ