
Откако беа активен на трансфер пазарот минатото лето, англискиот премиерлигаш Манчестер Сити исто така ангажираше нови играчи за време на зимскиот преоден рок.
Антоан Семењо од Бурнемаут и Марк Гуехи од Кристал Палас пристигнаа на „Итихад“.
Двајцата додадоа дополнителен квалитет на тимот на Пеп Гвардиола, помагајќи му на Манчестер Сити да се приближи до Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата.
Како што стојат работите, Манчестер Сити ќе продолжи со потпишувањата следното лето, а нов десен бек е приоритет за „граѓаните“.
Пеп Гвардиола јасно кажа кого сака да доведе, а управата на клубот наводно веќе дала зелено светло. Станува збор за десниот бек на Њукасл, Тино Ливраменто.
Манчестер Сити „флертува“ со Ливраменто од минатото лето откако беше импресиониран од неговите одлични настапи.
Со неговата брзина и енергија, сите веруваат дека тој би можел да биде долгорочна замена за Кајл Вокер, за кого сè уште не е пронајдена вистинска замена.
Нуњес се трансформираше во десен бек, но тоа не е она што го сака Гвардиола и тој сака да го има одличниот Ливраменто за неколку месеци.
Манчестер Сити е подготвен да плати рекордна сума за Ливраменто, а неговиот тековен договор со Њукасл го обврзува до 2028 година.
Манчестер Сити плати 57 мил. евра за Вокер во 2017 година, а потоа рекордни 65 за Кансело од Јувентус во 2019 година.
Светскиот рекорд платен за дефанзивец е трансферот на Ашраф Хакими од Интер во ПСЖ вреден 70 милиони евра во 2021 година.
Њукасл бара 80 милиони евра за дефанзивецот, што би бил најскапиот бек во историјата на фудбалот, доколку трансферот се реализира.
Ливраменто има настапено три пати за Англија, а своето деби го имаше во победата од 5:0 над Република Ирска во 2024 година.











