Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон програмата LIFE која е клучен европски инструмент. Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со „K&S Скопје“ веќе работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување на средствата од ЕУ за зелен пресврт и енергетски ефикасна економија.

Министерот за животна средина и просторно планирање на отворањето на тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакна дека програмата LIFE не е само фонд, туку механизам за зелен пресврт кон енергетски ефикасна економија и здрава животна средина.

– Имаме заедничка цел – претворање на стратешките политики во конкретни еколошки акции и одржливи решенија- порача министерот пред присутните претставници на институциите, експертската јавност и граѓанските организации.

Настанот послужи како платформа за координација на приоритетите, со заклучок дека меѓусекторската соработка е клучна за успешно спроведување на проекти во рамките на оваа програма на Европската Унија.

ИЗДВОЕНИ