
Манчестер јунајтед покажува далеку подобри партии во англиската Премиер лига откако Мајкл Карик го замени Рубен Аморим како менаџер.
Поранешниот репрезентативец на Англија ја презеде функцијата привремен менаџер до крајот на сезоната, а Манчестер јунајтед има седум победи, два нерешени натпревари и два порази.
Најновиот од тие порази се случи пред неколку дена и беше против лутиот ривал, Лидс јунајтед.
Пред натпреварот со Лидс, се чинеше сигурно дека Карик ќе ја добие постојаната работа на крајот од сезоната, но сега се промени тоа.
Косопственикот на 20-кратниот шампион на Англија, сер Џим Ретклиф, донесе одлука да се обрати до сегашниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман, и да му ја понуди менаџерската позиција.
„Инди каила“ тврди дека се направени контакти и дека Манчестер јунајтед е заинтересиран да го доведе поранешниот тренер на најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен.
И додека многумина веруваат дека треба да му се даде шанса на Карик да го води Манчестер јунајтед од почетокот на сезоната, Ратклиф, очигледно, не мисли така.
Сепак, еден дел од британските медиуми се убедени дека може да се случи пресврт во размислувањето на Ретклиф доколку обезбеди Манчестер јунајтед, под водство на Мајкл Карик, пласман во Лигата на шампионите.
„Црвените ѓаволи“ моментално се третата позиција на табелата со 55 бода, колку што има и четвртопласираната Астон вила, а петтопласираниот Ливерпул има 52 бода.











