Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго се искачи на 635, вклучувајќи 127 смртни случаи, соопшти денес конгоанската влада.
Во соопштение на платформата „Икс“, владата соопшти дека 22 пациенти се опоравиле од болеста и дека новите случаи не се прошириле во голем број здравствени зони, објави „Ројтерс“.
Една од најголемите епидемии на ебола во светот избувна во три провинции долго погодени од вооружен конфликт – Итури, Северен Киву и Јужен Киву.
Појавата на сојот на ебола Бундибугјо беше пријавена на 15 мај, иако официјалните лица велат дека вирусот се ширел незабележано со недели, што ги комплицирало напорите за ставање на епидемијата под контрола, пренесува „Танјуг“.












