
Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол, ја сподели својата прва семејна фотографија откако проговори за своето трауматско искуство со сексуален напад во својата автобиографија.
Керол, сега менаџер и косопственик на тимот од пониската лига Дагенхам и Редбриџ, ја сподели фотографијата по победата на неговиот клуб од 1:0 над Хемптон и Ричмонд Боро.
Тој напиша коментар под фотографијата на која ги прегрнува своите деца:
„Три бода и среќни деца“.
Подоцна објави фотографија од својата најмлада ќерка Марвел како го прегрнува по натпреварот, со натпис: „Одлично“.
Енди го заврши денот со тоа што присуствуваше на натпреварот на својот најстар син Лукас, кој го гледаше од трибините.
Керол е татко на пет деца – Емили Роуз, Лукас, Арло, Волф и Марвел, кои ги доби со поранешната сопруга Били Маклоу.
Во својата автобиографија „Го поседувам“, Керол откри дека во 2021 година бил жртва на сексуален напад додека спиел. Според него, бил нападнат од пријател на неговата поранешна партнерка, која не бил присутна во тој момент.
Напаѓачот подоцна бил осуден на три години затвор, објавува Би-би-си.
Керол признал дека му било исклучително тешко јавно да зборува за она низ што поминал.
„Неверојатно ми е тешко да зборувам за тоа што се случило. Сè уште се обидувам да најдам начин да се чувствувам удобно за да го споделам тоа јавно. Откако проговорив, многу луѓе ми се обратија со своите искуства и тоа ме потсети колку е важно жртвите да проговорат кога ќе бидат подготвени“.
Тој додаде дека траумата оставила длабока трага во неговиот живот.
„Тоа искуство влијаеше на секој аспект од мојот живот. Размислував за тоа секој ден и ми беше тешко да се фокусирам на нешто друго, вклучително и на фудбалот. Траумата не исчезна“.
Керол рече дека се надева дека неговото признание ќе им помогне на другите жртви да побараат поддршка и да зборуваат за своите искуства кога ќе се чувствуваат подготвени.











