понеделник, ноември 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Скопје домаќин на Форумот за енергетска дипломатија

Скопје домаќин на Форумот за енергетска дипломатија

0

На 25 ноември, во Скопје ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, кој ќе обедини претставници на влади, меѓународни организации, финансиски институции, дипломатскиот кор, енергетски компании и инвеститори.

Во фокусот ќе бидат можностите за зголемување на инвестициите во обновливи извори, зајакнување на регионалната енергетска соработка и поголемо учество на жените во носењето одлуки. Посебен акцент ќе биде ставен на финансирањето на зелената транзиција, јавно-приватните партнерства и привлекувањето инвестиции, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во рамките на форумот ќе биде воспоставена и Мрежата за жени во енергетската дипломатија (Women in Energy Diplomacy Platform), со цел да се поттикнат регионалната соработка, професионалното поврзување и женското лидерство во енергетскиот сектор.

Организатор е Министерството за енергетика, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на ОН за Европа (UNECE).

ИЗДВОЕНИ