Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го покажуваат анализите и испитувањата на земените примероци вода од повеќе мерни места воз Скопје, спроведени во Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 година зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Скопје.












