Триесет и четиригодишен скопјанец е приведен откако под дејство на речиси четири пати повеќе алкохол од дозволеното предизвика сообраќајна незгода во центарот на градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил вчера попладне, околу 15:10 часот, на улицата „Пролет“ во Скопје. Според информациите од полицијата, И.А.Л. (34) управувал патничко моторно возило „матиз“ со скопски регистарски таблички и удрил во патничко возило „хонда“, исто така со скопски ознаки, зад чиј управувач бил 20-годишниот Д.П. од Скопје.












