Шкотскиот напаѓач, Роби Уре, би можел да биде најголемото изненадување кога е во прашање летниот преоден рок, бидејќи сè повеќе клубови се заинтересирани за овој малку познат напаѓач.

Неговите добри настапи за шведскиот Сириус, кој е на врвот на табелата, не останаа незабележани, а лидерот во шведското првенство добива сè повеќе прашања за Уре.

Шпанскиот првологаш Севилја наводно е најзаинтересиран за неговите услуги и неофицијално е подготвен да му плати на Сириус 10 милиони евра за напаѓачот.

Нема официјални информации од шведскиот клуб во врска со евентуален трансфер на Уре, кој во Шведска се споредува со еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Ерлинг Халанд.

Угледниот новинар на „Фотболдирект“, Фредерик де Рон, јасно и гласно вели дека Уре го потсетува на Халанд.

„Понекогаш ме потсетува на Ерлинг Халанд на натпреварот против Бразил, кога доаѓа како локомотива и едноставно мора да му се тргнете од патот. Уре е извонреден. Има сè и мислам дека ќе достигне многу високо ниво“, рече Де Рон.

Овој новинар, кој инаку е добро упатен во шведскиот клупски фудбал, тврди дека има знаење од прва рака за интересот на Челзи и Манчестер Сити за Уре и се поизвесно е дека тој нема да остане во Сириус.

Патем, Уре е роден во Глазгов и произлегол од младинските редови на Ренџерс, од каде што се преселил во Белгија, поточно во Андерлехт.

Тој пристигна во Сириус во 2025 година, а шведскиот клуб му плати на Андерлехт 750.000 евра за неговите услуги, и како што сега изгледа, белгискиот клуб склучи договор од соништата.

Во тековната сезона, Уре постигна 15 гола за Сириус во исто толку настапи и е најзаслужен за првото место на клубот и за предноста од 14 бода пред второпласираниот тим.

ИЗДВОЕНИ