Звучи како научна фантастика! Песната „Чат џи-пи-ти“ предизвикува огромни реакции на социјалните мрежи, а е спој на поп-фолк музиката и на вештачката интелигенција. Стигнуваат критики од сите страни, најмногу од нејзините огнени обожаватели, кои ги има и кај нас, во Македонија
Популарната бугарска поп-фолк пејачка, Галена, една од оние што постојано ги полнат салите во кои настапуваат, деновиве сними видеоспот со помош на вештачката интелигенција. Снименa е во футуристички стил, a во спотот глумат хуманоидни роботи. Во една од сцените, два хуманоидни роботи се борат меѓу себе, а победникот добива романтична филмска вечер со секси Галена.
Песната е насловена „Чат џи-пи-ти“ и предизвикува огромни реакции на социјалните мрежи. Публиката го коментира необичниот спој на поп-фолк музиката и на вештачката интелигенција. Има и критики што доаѓаат од огнените обожаватели на оваа популарна Бугарка, која има слушатели и кај нас, во Македонија.
Галена ја најде мотивацијата за оваа нова песна „Чат џи-пи-ти“ кај популарниот чет-бот со споменатата вештачка интелигенција. Вели дека се пошегувала на некој начин, прашувајќи со „Чат џи-пи-ти“ низ песна како треба да го сака и да го промовира.
Всушност, самиот „Чат џи-пи-ти“ е претставен како своевиден љубовен советник од кого пејачката бара одговори за своите емотивни дилеми. Огромен број луѓе велат дека стравуваат за иднината на човечкиот род, бидејќи во иднина децата би можеле да се раѓаат како мали роботи, како овој „Чат џи-пи-ти“. (Д. М.) фото:ФБ-архива












